ПРОЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ЛЕГЕНДАТА ЗА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ МИРЧЕ АЦЕВ“ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, на 4 април 2026 година (сабота), со почеток во 18 часот, во киното „Мис Стон“ ќе биде прикажан документарниот филм „Легендата за народниот херој Мирче Ацев“.
Станува збор за документарно остварување посветено на животот и делото на народниот херој Мирче Ацев – една од значајните личности од македонската историја, чија борба и идеали оставиле длабока трага во колективната меморија.
Филмот е со сценарио и режија на Влатко Костовски, кој воедно се јавува и како продуцент и монтажер на проектот. Во реализацијата учествува поголем авторски и технички тим, а како асистенти на режија се потпишуваат Веселинка Миневски, Ангела Костиќ, Гоце Боцевски и Ванче Игновски.
Камерманскиот дел го реализираат Влатко Костовски, Ангела Костиќ, Маја Василевска – Ставров, Милан Брцески, Игор Илиоски и Жарко Трпевски, додека видео анимацијата е во изведба на Маја Василевска – Ставров, Влатко Костовски и Владимир Ставров.
Наративниот сегмент на филмот е доверен на повеќе интерпретатори: Душан Најдоски, Мирче Најдоски, Круме Спиркоски, Јован Трајков, Рубинчо Белчески, Ирена Младеновска, Александар Стојкоски, Олег Ставров и Елена Оровчанец – Спироска, додека наратор на сценариото е Доротеа Атанасоска.
Публиката ќе има можност преку овој филм да се запознае со ликот и делото на Мирче Ацев, претставени низ документарен пристап, архивски материјали и авторска интерпретација.


Сподели на социјалните мрежи