Музичарот Филип Николоски ја објави својата најнова песна „Срце ми е како ракија“, проследена со официјален видео запис, кој веќе го привлекува вниманието на публиката.
Станува збор за енергична и емотивна композиција во боемски дух, во која доминираат темите на пријателството, музиката и животот без жалење. Песната носи порака за живеење со срце и со песна, без товар од минатото.
„Срце ми е како ракија, гори, пее, не се крие… нема лоша судбина ако песна другар ти е“, порачува Николоски преку рефренот, кој веќе лесно останува во уво.
Музиката, текстот и аранжманот се дело на Рубин Димкоски, кој заедно со Николоски го потпишува и текстот. Видео записот е реализиран од „Фан Продукција“, под режија на Зоран Пиловски, додека снимањето, миксот и мастерингот се изработени во „Р Мјузик Студио“.
Во проектот учествуваат и придружни вокали: Теди & Рубин, Даниел Павлоски и Јане Николоски, а авторот упатува благодарност до бројните соработници и поддржувачи, меѓу кои и компаниите, АД Витаминка, АД Прилепска Пивара, Кај Кумата што помогнале во реализацијата.
Со ова издание, Николоски продолжува да го негува својот препознатлив стил – искрен, народски и близок до публиката.
Погледнете го видео спотот на линкот:

Прочитајте го и интервјуто со Филип Николоски кое го имавме пред два месеци:














