ПРИЛЕП ГО ОДБЕЛЕЖА МЕСЕЦОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА: НАД 200 УЧЕНИЦИ ДЕЛ ОД КУЛТУРЕН НАСТАН

Сподели на социјалните мрежи

Во центарот на Прилеп денеска се одржа настан посветен на франкофонијата, со кој се одбележа Месецот на франкофонијата и се промовираа францускиот јазик и културата. Настанот собра над 200 учесници од основни и средни училишта од Прилеп, како и гости од Кривогаштани и Битола.
Програмата понуди музички настапи, рецитации и изведби на ученици и гости, меѓу кои и групата „The Doctors“, додека ученици од уметничкото ателје „Артика“ твореа дела инспирирани од Париз и франкофонијата.
Настанот беше збогатен и со интерактивни содржини за публиката, која преку изговарање зборови на француски јазик добиваше симболични подароци.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, и Амбасадорот на Франција, Н.Е.г. Кристоф Ле Риголер, кои ја потенцираа важноста на соработката меѓу двете земји.
Настанот испрати порака за значењето на културната размена, јазичната разновидност и меѓусебното разбирање.


Сподели на социјалните мрежи