По повод 27-годишнината од постоењето на 29 април, на Меѓународниот ден на танцот, ќе се одржи годишниот концерт Танцовото студио „Зодијак“ . Концертот ќе се одржи на 29 април (среда) во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со почеток во 20:00 часот. Влезот за концертот е бесплатен, но претходно од билетарата на Центарот за култура ќе треба да се подигнат влезници бидејќи бројот на седишта е ограничен. Влезници ќе можат да се подигнат три часа пред почеток на настанот од блетарата на Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп.
Со танцов перформанс на сите учесници од најразлична возраст ќе се претстават членовите на студиото, а воедно ќе бидат прочитани и итернационалната порака за оваа година која ја напиша канадската кореографка Кристал Пајт како и македонската порака напишана од првенецот балерина и истакнат солист при МНТ Зоица Пуровска Велевска. Режијата е на Кире Миладиноски, како кореографи заеднички се потпишуваат Кире Миладиноски, Бисера Гаралоска и Марта Шаркоска. Играат: Софија Иваноска, Љубица Ангелеска, Лана Спиркоска, Милана Здравеска, Јована Ангелеска, Јана Чучуроска, Сара Камческа, Сара Иваноска, Исидора Митревска, Анисија Тренеска, Марија Стојаноски, Бисера Тренкоска, Неа Попоска, Марта Шаркоска и Бисера Гаралоска. Дизајнот за промотивниот материјал и видео монтажата е на Петар Јошески, додека автор на промо видео спотот е Љупчо Атанасоски.
Настанот кој што ќе биде празник за очи, е поддржан од Општина Прилеп.















