ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „КОРЕНИЦА“ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

На 4 мај 2026 година, со почеток во 17:00 часот, во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе се одржи промоција на монографијата „Кореница“ од авторката Јасмина Колеска Кузманоска.
Станува збор за дело кое претставува емотивен и документарен запис за селото Кореница – неговите луѓе, спомени и длабоки корени. Преку лични сведоштва и раскажувања, книгата го оживува животот на предците и ги истакнува вредностите што треба да се зачуваат и пренесат на идните генерации.
На промоцијата ќе присуствува и самата авторка, а за делото ќе говори промоторот Емил Димоски.
Настанот ќе има и хуманитарен карактер – промоцијата ќе биде продажна, а собраните средства ќе бидат донирани за потребите на црквата „Св. Никола“ во селото Кореница.
Јасмина Колеска Кузманоска (родена 1976 година во Прилеп) е авторка на збирките „Гласот на љубовта“ и „Генерации“, како и текстописец на повеќе македонски песни. Во своето творештво таа најчесто се навраќа на темите за љубовта, спомените и корените, градејќи препознатлив и емотивен авторски израз.


Сподели на социјалните мрежи