30 ГОДИНИ СИ-ДО: ПЕСНИТЕ ОД ДЕТСТВОТО ПОВТОРНО ЌЕ ОДЕКНАТ ВО БИТОЛА

Сподели на социјалните мрежи

Три децении музика, спомени и емоции ќе бидат заокружени на 7 мај со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура во Битола, каде свечено ќе се одбележи 30-годишниот јубилеј на СИ-ДО – настан што ветува вистинско музичко патување низ времето.
Децата кои некогаш ги изведуваа легендарните песни на сцената, денес веќе возрасни, повторно ќе застанат пред публиката и ќе ги оживеат своите детски хитови. Ќе биде тоа вечер во која ќе се спојат минатото и сегашноста, а различни генерации ќе се препознаат во истите стихови, мелодии и чувства.
Публиката ќе има можност да ужива во безвременските композиции како „Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“, „Како ли јас да пораснам“, „Ема“, „Софи, Софија“ и многу други, во изведба на нивните оригинални интерпретатори, придружени од Оркестар DIVA.
За едни ова ќе биде носталгично враќање во детството, а за други ново откривање на песни што оставиле силен белег врз генерации.
7 мај е датум што не се пропушта – вечер кога музиката од детството повторно ќе оживее на сцената, овојпат уште посилна, подлабока и повозбудлива.
Билетите се во продажба онлајн, како и на продажните места Тобако Димпо и билетарницата на Центарот за култура во Битола.


Сподели на социјалните мрежи