ЛЕГЕНДАРНИОТ МАКЕДОНСКИ БЕНД „МИЗАР“ СО КОНЦЕРТ ВО ПРИЛЕП ЗА „ДЕНОВИ НА КРАЛИ МАРКО“

Сподели на социјалните мрежи

Во склоп на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која секоја година се организира во подножјето на Марковите Кули, Општина Прилеп ќе ги почести граѓаните со концерт на легендарната група Мизар.
Концертот ќе се одржи во недела, на 17 мај 2026 година, во Амфитеатарот во Варош, со почеток во 20:00 часот.
Големиот македонски бенд и бренд Мизар, во рамките на одбележувањето на 45 години од своето постоење, пред прилепската публика ќе се претстави со специјално подготвена „бест оф“ програма, која опфаќа избор на теми создадени низ изминатите неколку децении.
Бендот, кој зад себе остави богато музичко наследство преку албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат Дреамс“, „Детето и Белото море“, „Поглед кон цветната градина“ и „Вечна празнина“, ќе понуди пресек од својот повеќедецениски опус, со кој има оставено значаен белег не само во македонската музика, туку и во пошироката културна сцена.
Од богатата сет-листа се издвојуваат и култните песни „Градот е нем“, „Униније“, „Магла“, „Дождот“, „Девојка од бронза“, „Истекувам“, „Константинопол“, „Почесна стрелба“ и „Сонце златно“, како и други теми од нивното богато творештво.


Сподели на социјалните мрежи