ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА МОНИКА ВЕЧЕРВА ВО ПРИЛЕП: ДА ГИ ОТВОРИМЕ СРЦАТА И ЗАЕДНО ДА ПОМОГНЕМЕ

Сподели на социјалните мрежи

Под мотото „Да ги отвориме срцата и да помогнеме Моника да го победи ракот!“, вечерва, 12 мај, во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи хуманитарен концерт за поддршка на Моника во нејзината борба против ракот. Настанот ќе започне во 20 часот, а целта е преку заедничка хуманост да се соберат средства и да се даде поддршка во овие тешки моменти.
Во хуманитарната вечер ќе се вклучат повеќе реномирани македонски изведувачи и музичари како: Спасен Силјаноски, Благоја Груевски, Влатко Миладиновски, Дарко Стојаноски, Стојне Николова, Елена Велеска, Елена Јовческа, Мирослав Мирчески, Методија Столески, Марјан Коцев и КУД „Моминок“.
Организаторите ги повикуваат сите хумани граѓани да бидат дел од оваа хумана вечер и заеднички да испратат порака на поддршка, солидарност и надеж.
Влезниците за концертот се по цена од 250 денари и можат да се купат во термините од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.


Сподели на социјалните мрежи