МУЗИКА, ТАЛЕНТ И ЕМОЦИИ: ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ООМУ „ОРДАН МИХАЈЛОСКИ – ОЦКА“ ВО ВАРОШ

Сподели на социјалните мрежи

Учениците од Општинското основно музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп ќе ги претстават своите музички достигнувања на традиционалниот годишен концерт што ќе се одржи во среда, на 27 мај, со почеток во 18:30 часот, во Амфитеатарот во Варош.
На концертот ќе настапат ученици од училиштето кои преку музика ќе го покажат својот талент, труд и љубов кон уметноста, а публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции и разновидна музичка програма.
Од училиштето упатуваат покана до сите љубители на музиката да бидат дел од овој настан, а влезот е слободен.


Сподели на социјалните мрежи