Татковина
Ме праша чедото татковина што е.
Чедо мое еве ќе ти кажам
татковина што е:
Бисер исплетен по врвиците,
капка дожд по трендафилите,
блескава риба во длабочините,
недостижен орел во височините.
Разбра чедо
Татковина е најсветлото парче земја
на чие небо има бескрајно синило
а ветерот тивко дува и гали.
Ги гледаш ли планините со високите ридови,
долините и реките
и сите среќни луѓе околу тебе
и дечиња радосни по нив што чекорат,
а тука се и гробовите од предците
некои сега оставени сами.
Сè е татковина чедо.
Неа ја делиме со сонцето,со ветерот,
ја делиме со птиците
кои каде и да одат напролет тука се враќаат,
во татковината наша и нивна.
Ти кажав чедо а ти запамти
и чувај ја Татковината своја.
Божана Тренческа
Прилеп
















