ПЕТТИ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН: „НОСОРОЗИ“ И „НЕВИНОСТ“ НА ПРОГРАМАТА НА МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Сподели на социјалните мрежи

Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ продолжува и на 9 јуни (вторник) со богата фестивалска програма што вклучува содржини за најмладите, промоција на театарска и театролошка литература, како и две театарски претстави. Стартот на вечерната програма е резервиран за претставата „Носорози“ на НУ Албански театар – Скопје, додека непосредно пред полноќ публиката ќе може да ја проследи претставата „Невиност“.


Програма за 9 јуни (вторник):
10:00 – Саат-кулата

Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ – Прилеп)
11:00 – НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоција на театарска и театролошка литература
19:00 – Центар за култура „Марко Цепенков“
„НОСОРОЗИ“
НУ Албански театар – Скопје
Времетраење: 105 минути
По завршувањето на претставата ќе се одржат разговори на тркалезна маса посветени на претставата „Носорози“.
23:59 – Центар за култура „Марко Цепенков“
„НЕВИНОСТ“

Факултет за драмски уметности – Скопје, НУ Албански театар – Скопје
Времетраење: 135 минути
Фестивалската програма и во петтиот ден продолжува да нуди разновидни театарски содржини и можности за средби меѓу уметниците и публиката, во духот на мотото на годинашното јубилејно издание – „Храбриот нов театар“.


Сподели на социјалните мрежи