СОЛЗА
Јас сум солза без дно
капаците очни ми лебдат,
сонот ме прикрива,
ноќта ме сокрива.
Ама наивно светот го љубев
а во него сешто
само еден против друг.
Јас сум солза без дно,
застанете тивко
Слушнете,дното на душата
ми лелека
за тебе,за себе,за неа,за друг.
Научив да молчам
а виновна не бев.
Се уште слушам викотници
бркотница.
Жално,многу жално!
@Менче Кадинец
















