“Суров е денешниот свет”, Анита Тинтоска

Сподели на социјалните мрежи

“Суров е денешниот свет”


Суров е секојдневниот живот во светов
ќе ти ги скратат крилата во летот,
не вредело за никого се да се дава
не вредело за никого да губиш глава.

Совеста гледам да ми е мрина и чиста
туѓите мисли немам намера да ги листам,
но кој до мене и да стасал
со постапки и зборови ме касал.

Не сакам мојот бес и гнев
да го претворам во голем грев,
но тешко ми оди од рака
а тоа ми претставува болка и мака.

Мои чувства, наивност сеуште детска
како птица која трепери на леска,
очекувам секој ден некој нешто да створи
се прашувам дали повторно душата ќе ми изгори.

Светов во кој треба да е рај
а не секој на секого да му мисли крај,
на секого срцето од среќа да му бие
и секој секоја ноќ мирно да спие.

За денешниов свет јас сум кревка
јас сум како некоја нежна тревка,
сите трчаат по пари, моќ
сакаат да добијат се преку ноќ.

Анита Тинтоска, Прилеп


Сподели на социјалните мрежи