Со изведбата на мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, на 19 јуни свечено ќе биде отворено годинашното издание на фестивалот „Битолско културно лето – БИТ ФЕСТ 2026“.
Отворањето е закажано во НУ Центар за култура – Битола, со почеток во 19:30 часот. Станува збор за љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а режијата ја потпишува Дејан Пројковски.
Мјузиклот „Као какао“ е инспириран од безвременската музика на Влатко Стефановски и претставува еден од најавуваните настани во програмата на овогодишниот БИТ ФЕСТ, кој и ова лето ќе понуди богата културно-уметничка содржина за битолчани и посетителите на градот.
Влезниците по цена од 300 денари се достапни од 15 јуни во Офицерскиот дом во Битола, во термините од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот.
















