ПРОФ. Д-Р ЗОРАН КРСТЕВСКИ ЌЕ ОДРЖИ ПРЕДАВАЊЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ И АНКСИОЗНОСТА ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во организација на Друштво за наука и уметност Прилеп, на 25 јуни 2026 година во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ ќе се одржи предавање на тема „Методи за справување со стресот и анксиозноста“.
Предавач ќе биде универзитетскиот професор и доктор по филозофски науки Зоран Крстевски, кој пред прилепската публика ќе говори за причините за појавата на стресот и анксиозноста, како и за практичните пристапи и техники што можат да помогнат во нивно надминување.
Темата е особено актуелна во современото секојдневие, кога сè поголем број луѓе се соочуваат со психолошки притисоци, неизвесност и забрзано темпо на живот. Предавањето има за цел да понуди корисни сознанија и насоки за подобрување на менталната благосостојба и квалитетот на животот.
Настанот ќе започне во 19 часот и е отворен за сите заинтересирани граѓани.


Сподели на социјалните мрежи