„СПОМЕНИ ОД МИНАТИОТ ВЕК“ – КОНЦЕРТ НА МИХАИЛ ЈАГУРИНОСКИ И ИСКРА АТАНАСОВА МИТУШ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 29 јуни (понеделник) со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертот „Спомени од минатиот век“ на камерното дуо Михаил Јагуриноски и Искра Атанасова Митуш.
Двајцата млади музичари се студенти во класата на проф. д-р Нина Костова на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а пред прилепската публика ќе се претстават со програма составена од дела на Сергеј Рахмањинов и Џорџ Гершвин.
Концертот нуди можност за музичко патување низ богатото творештво на двајца исклучителни композитори кои оставиле силен белег врз музиката на 20 век. Публиката ќе има можност да ужива во дела што ги спојуваат романтичната експресивност, виртуозноста и современите музички влијанија.
Настанот е дел од културната програма на НУЦК „Марко Цепенков“, а влезот е слободен за сите љубители на класичната музика.


Сподели на социјалните мрежи