МОИТЕ ОСАМЕНИ СОНИШТА, Менче Кадинец

Сподели на социјалните мрежи

МОИТЕ ОСАМЕНИ СОНИШТА

Твојата цврста рака
ме милува
а образот ми беше ладен
Неспокојот патуваше низ моето тело
А јас прокисната од немири
и гладна како завиена волчица
го пуштав гласот немоќен
изгладнет,изменет.
Вечерта ме убиваше
секој со некого
план исполнуваше а
Моите соништа беа сами,
срамежливи,
коренот им беше во мојата душа
проникнат,изртен а тоа болеше.
Како виулица која снег налева
како ветар кој те потурнува
како сонце што те препекува
под месечина лутав
пред порти заспивав.
Моите осамени сни
стуткани во парче душа
лелекаа.
А некоја цврста топла рака
ме милуваше.

Менче Кадинец


Сподели на социјалните мрежи