Младиот прилепски поет Давид Долгоски, ученик во осмо одделение во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, продолжува да ги воодушевува љубителите на литературата со својот талент и достојно да ги претставува Прилеп и Македонија на меѓународната поетска сцена.
По освоеното второ место на XI Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер 2026“, Давид бележи уште еден значаен успех. На престижниот интернационален поетски фестивал „Mili Dueli 2026“, што се одржува во Босна и Херцеговина, тој успешно се натпреварува во категоријата „Јуниори“ со својата поетска творба „Љубов на македонски“.
Во конкуренција од 802 поети од 114 држави, Давид успеа да се пласира меѓу 50-те најдобри млади поети во светот во својата категорија. Во тек е вториот круг од гласањето, а според бројот на освоени гласови, само 20 учесници ќе обезбедат пласман во третата, финална фаза од натпреварувањето. Во моментов Давид се наоѓа меѓу водечките натпреварувачи, што е уште една потврда за неговиот талент и посветеност.
Сега е моментот сите заедно да му дадеме поддршка и да му помогнеме да го направи следниот голем чекор.
Како да гласате?
✔ Отворете ја објавата за гласање на следниот линк:
https://www.facebook.com/share/p/1D11iwpHi4/
✔ Најпрво заследете (FOLLOW) ја страницата.
✔ Потоа означете го квадратчето што се наоѓа пред името Давид Долгоски.
Само со овие неколку чекори вашиот глас ќе биде важечки и ќе му помогне на Давид во борбата за пласман меѓу најдобрите 20 млади поети.
Да покажеме дека знаеме да ги поддржиме младите таленти кога им е најпотребно. Да му помогнеме на Давид Долгоски достојно да ги претставува Прилеп и Македонија и во финалето на ова престижно меѓународно поетско натпреварување.
Гласајте, споделете ја објавата и повикајте ги и вашите пријатели да дадат поддршка. Секој глас може да биде одлучувачки!

















