„ЦРНИЛА“ ПОВТОРНО ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА

Сподели на социјалните мрежи

Претставата „Црнила“ според драмата на Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски, повторно ќе биде прикажана пред прилепската публика.
Претставата на Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена на 10 септември 2026 година, со почеток во 20 часот, на Сцена 105 (камерна) во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
„Црнила“ е едно од позначајните остварувања на прилепскиот театар во последниот период, а на годинашниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ освои пет награди – за режија на Дејан Пројковски, сценографија на Валентин Светозарев, костимографија на Марија Папучевска, главна машка улога на Димитар Ѓорѓиевски и млада актерка на Сара Спиркоска.
Во претставата играат Сара Спиркоска, Бобан Алексоски, Катерија Чакмакоска-Клинческа/Марија Спиркоска Илијеска, Александар Степанулески, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски и Илија Волчески, како и младите актери Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски и Ива Малинческа.


Сподели на социјалните мрежи