СВЕЧЕН ПРИЕМ НА НОВИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ПРИЛЕПСКОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ

Сподели на социјалните мрежи

ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп во петок, 11 септември 2026 година, ќе ги пречека новите ученици кои го започнуваат своето музичко образование во учебната 2026/2027 година.
Свечениот прием ќе се одржи во 12:00 часот, во просториите на училиштето, каде што новите ученици ќе го направат својот прв чекор во светот на музиката.
Пијано, виолина, хармоника, народни инструменти, флејта, кларинет, саксофон, труба и соло пеење се дел од музичките насоки преку кои учениците во ова училиште ги развиваат својот талент, музикалност и љубов кон музичката уметност.
Со свечениот прием започнува едно ново поглавје за најмладите музичари, исполнето со учење, нови пријателства, први настапи и многу музика.
„Добредојдовте во светот на музиката!“ – порачуваат од ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“.


Сподели на социјалните мрежи