ПРИЛЕПСКИ АВТОРИ ДЕЛ ОД „МИЛАДИНОВСКО СЛОВО“ ВО СТРУГА

Сподели на социјалните мрежи

Зборник посветен на Браќата Миладиновци собра автори од Македонија и дијаспората.
Во Струга се одржа второто издание на поетската манифестација „Браќа Миладиновци – Миладиновско слово“, во годината кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот“ на Браќата Миладиновци.


Во рамките на манифестацијата беше претставен и „Зборник за Миладиновци“, во издание на Фондацијата „Миладиновско слово“. Зборникот е составен од три тематски целини – „Цитати за Браќата Миладиновци“, „Песни за Браќата Миладиновци“ и „Есеи за Браќата Миладиновци“.
Материјалите за публикацијата се избрани преку отворен конкурс на Фондацијата, на кој учествувале автори од Македонија и од дијаспората. Зборникот е поделен во неколку циклуси – македонски автори, млади автори, автори од дијаспората и есеи, сите поврзани со животот и делото на Браќата Миладиновци.

Во „Зборникот за Миладиновци“ се застапени и автори од Прилеп, меѓу кои и членови на Клубот на литературни творци од Прилеп – Снежана Паноска, Тамара Петреска и Димитар Седлоски, кој како ученик во деветто одделение е застапен како млад автор.
Претседател на Фондацијата „Браќа Миладиновци – Миладиновско слово“ е Ристе Миладинов, праправнук на Димитрија Хр. Миладинов.


Сподели на социјалните мрежи