Во Паркот кај Судот во Прилеп во среда, 16 септември, ќе се одржи арт хепенингот „Од отпад до нова вредност – мојата зелена приказна“, во организација на Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп, во соработка со СОУ „Орде Чопела“.
Во настанот ќе учествуваат ученици од ООУ „Блаже Конески“, ОУ „Климент Охридски“, СОУ „Орде Чопела“, како и од училиштето „Манчу Матак“ од Кривогаштани. Ќе присуствуваат и претставници од невладиниот сектор, ученици, родители, наставници и стручни предавачи, како и претставници од организацијата „Пипл ин нид“ (People in Need).
Посетителите ќе имаат можност да видат штандови со ракотворби изработени од отпадни материјали, производи создадени во рамки на проектот, зеленчук од училишната градина, биокомпост и други содржини поврзани со зелените практики.
Настанот е дел од проектот „Млади за зелена транзиција – од урбана градина до екопроизвод“, кој го спроведува „Пипл ин нид“ (People in Need), со поддршка од Европската Унија.
Арт хепенингот „Од отпад до нова вредност – мојата зелена приказна“ ќе се одржи на 16 септември, од 10 до 13 часот, во Паркот кај Судот во Прилеп.

















