ЕСЕНСКО ТИХУВАЊЕ
Помеѓу боите на планината и
небото се распослало езерото,
со целата своја убавина го гали крајбрежјето,
додека срамежливата сончевина
ги љуби неговите длабочини.
Уште едно лето заминува во бескрајот,
низ трепетот на листот што паѓа
се наѕира есента,
ветрот тивко го нарушува спокојот на
времето што одминува.
Се гасне денот,
на зајсонце блеснува крлушката
на младата белвица
која се радува на својата
слободна убавина.
Тихува времето.
Тихувам и јас и езерото.
Тихува и водата која ја снемува
во утробата на земјата.
Тихуваме заедно молејќи се
за уште едно разденување
и повторно враќање на езерото.
Снежана Паноска

















