КАЖИ БЛАГОДАРАМ
Кога утрото ќе се јави
во роса измиено,
со сонце облиено
од убост опиено,
немој да се браниш,
ниту пак да заборавиш
да му се заблагодариш.
А кога денот ќе се роди
и насмевка ќе ти подари
лицето ќе ти го озари
во очи пламен ќе ти запали,
ти радосен биди,
една трошка среќа
во душа нека ти се срони,
и секој нека те види
дека животот те сака,
само подај му рака
и немој да заборавиш
на денот нов,да му се заблагодариш.
А благодарам е убав збор
тој е знак за добрина,
за милост преголема,
за душа како планина,
за човечка особина
што секој треба да ја има
во себе да ја носи,
да ја негува и да ја чува,
оти секој ден ти е подарен
треба да си благодарен!
Лилјана Сливоска

















