„ДО БАЛЧАК“ НА СТОЛЕ ПОПОВ НА 9 ОКТОМВРИ ВО КИНО „МИС СТОН“

Сподели на социјалните мрежи

Во рамките на програмата „Приказна за градот херој“, со која Општина Прилеп ја одбележува 85-годишнината од 11 Октомври 1941 година, на 9 октомври во кино „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажан филмот „До Балчак“ на режисерот Столе Попов.
Проекцијата е закажана за 18:30 часот, а влезот е бесплатен.
„До Балчак“ е македонска акциона историска филмска драма од 2014 година, во режија на Столе Попов и по сценарио на Горан Стефановски. Филмот е сместен во 1907 година, во периодот по Илинденското востание, а приказната ги следи односите и судирите меѓу повеќе ликови чии лични судбини се испреплетуваат со историските околности во тогашна Македонија.
Во главните улоги настапуваат Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мартин Јорданоски, Инти Шрај, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски и други.
Филмот трае 165 минути.
Бесплатните влезници може да се подигнат на билетарницата на кино „Мис Стон“ во среда, четврток и петок од 11 до 13 часот, како и еден час пред почетокот на проекцијата.


Сподели на социјалните мрежи