КАЗНА
Извадете камшик,
треба да биде казнет,
оти мисли поинаку,оти сака,
оти го слави Бога и ги наметнува вредностите!
Искривете ги лицата од без, наместете насмевки,
ослободе те го лицемерието, припремете ги камшците,
уништетего секој обид да биде поинаков,
убијте го секој презир во неговите очи,
да не се осмели да погледне горе и да рече,
дека над него е само Бог и никој друг!
Уништете му ја мислата, дека единственото
божество спие крај него,телесно и потполно човечко!
Нека неговите очи бидат без животни,
а постелата празна,
оти не заслужува да сака!
Повикајте ја смртта!
Извадете камшици,
убијте го кучето да не подигне глас!
Во ред е вашите раце ќе бидат чисти.
Уништувајте вие, во Негово име!
ВЕСНА ШЕРЕМЕТКОСКА

















