Во рамките на културно-уметничката програма „Приказна за градот херој“, посветена на одбележувањето на 85-годишнината од 11 Октомври – Денот на народното востание, на 10 октомври 2026 година, во Ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена традиционалната годишна изложба на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп – ДЛУП.
На изложбата ќе бидат претставени дела од дванаесет уметници: Филип Јовески, Марта Макеска, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Лепа Милошевска, Верче Николоска, Бојана Артиновска, Ангелка Башеска, Марјан Стојаноски, Кирил Гегоски, Емил Солески и Дарко Талески.
Годишната изложба е можност за претставување на творештвото на членовите на ДЛУП пред прилепската публика и за средба со различни ликовни изрази и авторски пристапи. Со оваа традиционална поставка, прилепските уметници продолжуваат да придонесуваат кон локалниот културен живот и развојот на ликовната уметност.
Изложбата ќе биде поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во времетраење од 12 дена.

















