ДВАНАЕСЕТ УМЕТНИЦИ СО СВОИ ДЕЛА НА ИЗЛОЖБАТА НА ДЛУП

Сподели на социјалните мрежи

Дванаесет уметници се претставуваат со свои дела на традиционалната изложба посветена на современото ликовно творештво на прилепските автори.
Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп – ДЛУП беше отворена на 10 октомври во Ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“. На изложбата се претставени дела од дванаесет уметници, членови на друштвото, со различни ликовни изрази и авторски пристапи.
Изложбата ја отвори Кирил Гегоски, најстариот член на ДЛУП. Со свои дела учествуваат Филип Јовески, Марта Макеска, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Лепа Милошевска, Верче Николоска, Бојана Артиновска, Ангелка Башеска, Марјан Стојаноски, Кирил Гегоски, Емил Солески и Дарко Талески.
Традиционалната годишна поставка е можност членовите на ДЛУП да го претстават своето творештво пред публиката и да дадат увид во разновидноста на ликовните изрази што се негуваат во прилепската уметничка средина.
Изложбата е дел од културно-уметничката програма „Приказна за градот херој“, со која се одбележува 85-годишнината од 11 Октомври – Денот на народното востание, како и од годишната програма на НУЦК „Марко Цепенков“ во областа на визуелните дејности за 2026 година. Поддржана е од Министерството за култура и туризам.
Поставката ќе биде достапна за посетителите во Ликовната галерија во текот на 12 дена.


Сподели на социјалните мрежи