Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес на 15 октомври 2026 година ќе гостува во Прилеп со претставата „Вечера за глупаци“ од францускиот драматург Франсис Вебер. Претставата ќе се игра со почеток во 20 часот, на Големата сцена во НУЦК „Марко Цепенков“.
Во режисерскиот концепт, хуморот произлегува од карактерите на ликовите и нивните меѓусебни односи, отворајќи прашања за моралот, елитизмот и начинот на кој ги проценуваме другите.
Режијата е на Ненад Витанов, а во претставата играат Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Благојчо Стојанов, Кире Ацевски, Сандра Танчева, Талија Настова и Јордан Витанов. Гласот на Мено е на Сашко Костов.
Со ова гостување, прилепската публика ќе има можност да проследи театарска комедија во која хуморот произлегува од карактерите на ликовите и нивните меѓусебни односи, но и поттикнува размислување за начинот на кој ги проценуваме луѓето околу нас.
Резервации на билети се вршат на телефонскиот број 076 442 378. Билетарницата ќе работи на 13, 14 и 15 октомври, во периодите од 10 до 12 часот и од 18 до 20 часот.


















