КАРАВАН, Деспина Сиљаноска

Сподели на социјалните мрежи

КАРАВАН


Тромеѓа и крај.
Нож и рај.

Убод.

Ги затнавме порите на светот.
Ги намачкавме со метали и стопени железа,
за да не дише земјата.
Кладовме огради и знаци, за да поделиме нешто,
што и онака нам не ни припаѓа.

Сега тераме битка.

Се поделивме во две групи за да биде посилен ударот.
Едните со зборови, другите со копје.
Копја на копје- сечало одозгора,
двајца за двобој нема, еден народ потоморен за идеал.

Убод.

Немајте солзи в очи, не плаче татковината.

Се поделивме во две групи.
Едните жени, другите мажи.
Децата ги оставивме да се снајдат некаде осамени.
Идеалот згасна.
Битката заврши.
Ние не сме таму.
Други газат камења и гробни плочи.
Во нив сме ние.

Деспина Сиљаноска


Сподели на социјалните мрежи