Во седум основни училишта во Прилеп од 28 до 30 октомври ќе се реализираат превентивно-едукативни активности за безбедност на децата во сообраќајот. Целта е учениците да се запознаат со основните правила за безбедно движење, правилното преминување на улица и значењето на почитувањето на сообраќајната сигнализација.
Активностите се реализираат согласно програмата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а во нив ќе учествуваат претставници на Министерството за внатрешни работи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, како и ученици и професори од сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.
Во рамките на активностите ќе се одржуваат едукативни презентации и ќе се делат брошури за секое дете, со цел најмладите уште од рана возраст да ги усвојат правилата за безбедно учество во сообраќајот.
Активностите се поддржани од „Авто Контрол“, како општествено одговорна компанија посветена на унапредување на безбедноста во сообраќајот.
Распоред на активностите
28 октомври
• 9:00 часот – ООУ „Климент Охридски“
• 11:00 часот – ООУ „Кочо Рацин“
• 12:00 часот – ООУ „Кире Гаврилоски“
29 октомври
• 10:00 часот – ООУ „Гоце Делчев“
• 12:00 часот – ООУ „Рампо Левката“
30 октомври
• 11:00 часот – ООУ „Добре Јованоски“
• 12:30 часот – ООУ „Блаже Конески“
Едукацијата за безбедно учество во сообраќајот уште од најрана возраст е важен дел од создавањето одговорни навики кај децата. Познавањето и почитувањето на сообраќајните правила придонесуваат за нивна поголема безбедност во секојдневното движење.

















