КУД „ИЛИНДЕН“ – БИТОЛА СО КОНЦЕРТОТ „ЏУМБИШ“ НА „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“

Сподели на социјалните мрежи

Во рамките на 56. издание на фестивалот „Илинденски денови“, КУД „Илинден“ од Битола ќе го одржи целовечерниот концерт „Џумбиш“.
Концертот ќе се одржи на 25 јули (сабота), со почеток во 20:30 часот, на Платото на Офицерски дом – Битола.
Публиката ќе има можност да ужива во народни игри, музика и носии кои се дел од препознатливиот репертоар на еден од најпознатите фолклорни ансамбли во земјава.
Битолската публика ќе има можност да го проследи настапот на ансамблот само неколку дена по неговиот успех на Светскиот фолклорен натпревар „World Folk Dance Competition“ во Истанбул, Турција, каде што КУД „Илинден“ го освои сребрениот медал во категоријата автентичен фолклор.


Сподели на социјалните мрежи