„ДЕВОЈКИТЕ НА МАРКО“ ГОСТУВААТ ВО КРИВОГАШТАНИ

Сподели на социјалните мрежи

Претставата „Девојките на Марко“, во режија на Синиша Ефтимов, на Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, вечерва, 26 август (среда), со почеток во 20 часот, ќе биде изведена во Кривогаштани, на отворено, во дворот на училиштето, во рамките на манифестацијата „Културно спортско лето Кривогаштани“.
Жителите на општината ќе имаат можност да ја проследат претставата, која за првпат ќе биде изведена на отворено.
„Девојките на Марко“ говори за асимилацијата на ликовите и топонимите, а дејствието е поставено во еден современ и модерен Прилеп од иднината, или подобро кажано – Прилеп од паралелен универзум.
Преку заплетот и комичните ситуации, претставата носи ведра атмосфера и ја прикажува повеселата страна на животот, отворајќи ги темите за промените на градот и неговите препознатливи ликови и топоними од една поинаква, хумористична перспектива.
Во претставата играат Димитар Ѓоргиевски, Илија Волчески, Јасмина Мицовска-Станкоска, Марија Спиркоска-Илијеска, Наташа Ачански и Лора Штарго.


Сподели на социјалните мрежи