БОЈАН РИСТЕСКИ СО СВОЈОТ КНИЖЕВЕН ПРВЕНЕЦ „ПРЕД ДА ЗАМИНАМ“

Сподели на социјалните мрежи

Прилепскиот автор Бојан Ристески денес, 21 септември, пред читателската публика ќе го претстави својот прв роман – „Пред да заминам“, во издание на „Матица Македонска“.
Промоцијата ќе се одржи во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, со почеток во 19 часот.
Ристески е млад автор кој животниот пат го однел во Чешка, а во својот книжевен првенец раскажува приказна за млад човек, неговите животни избори и предизвиците што ги носи заминувањето.
Романот „Пред да заминам“ е објавен во 2026 година и претставува прво романескно дело на Ристески.
Промоцијата ќе биде можност прилепската публика поблиску да се запознае со романот и со авторот кој со своето прво дело го започнува книжевниот пат.


Сподели на социјалните мрежи