КУД „Преродба 24“ од Прилеп вечерва, 23 септември, ќе го одржи својот годишен концерт во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Концертот ќе започне во 19 часот, а пред прилепската публика ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва, пејачки групи, ансамбли, оркестри и музички состави.
На програмата се најавени настапи на КУД „Преродба 24“ – Прилеп, Женската пејачка група „Орхидеја“ – Прилеп, КУД „Моминок“ – Прилеп, Женската пејачка група „Гердан“ – Штип, КУД „Сирма Војвода“ – Битола, КУД „Нико Пусоски“ – Кичево, КУД „Пензионер“ – Прилеп, Октет – Прилеп, Оркестарот при ООУ „Климент Охридски“, Тони Оцески, КУД „Пере Тошев“ – Прилеп, Ансамблот „Вања Лазарова“ – Скопје, КУД „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица, Ацо Тришкоски и „Пензионер“ – Кичево.
Како специјални гости на концертот се најавени ОК Бенд.
Влезот е слободен.
















