ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ЗА НОВИТЕ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП НА 1 ОКТОМВРИ

Сподели на социјалните мрежи

На Економскиот факултет – Прилеп на 1 октомври ќе се одржи првиот академски час за новите студенти, со што официјално ќе биде одбележан почетокот на новата академска година.
Првиот академски час ќе започне во 11 часот на Економскиот факултет – Прилеп, а од факултетот ги повикуваат бруцошите да бидат дел од свечениот почеток на нивното студирање.
По завршувањето на првиот академски час, на запишаните студенти ќе им бидат доделени индексите и договорите за студирање.
Од Економскиот факултет им посакуваат добредојде на новите студенти и успешен почеток на нивното академско образование.


Сподели на социјалните мрежи