ПРИЛЕП СО НИЗА НАСТАНИ ОДБЕЛЕЖУВА 85 ГОДИНИ ОД 11 ОКТОМВРИ

Сподели на социјалните мрежи

Со „Прилепски џез викенд“, кој започна на 1 октомври, започна и програмата со која Општина Прилеп ја одбележува 85-годишнината од 11 Октомври 1941 година – почетокот на Народноослободителната борба на македонскиот народ.

Програмата ќе трае до 3 ноември, кога со изложби, свечена седница и доделување на Третоноемвриските награди ќе биде одбележан Денот на ослободувањето на Прилеп.

Во периодот од 1 октомври до 3 ноември се најавени културни, образовни, спортски и меморијални содржини, изложби, театарски претстави, промоции, работилници и други настани.

Програмата се одвива под мотото „Приказна за градот херој“, а централниот дел е предвиден во деновите околу 11 Октомври.

ПРОГРАМА

1–3 октомври

  • Џез фестивал „Прилепски џез викенд“ – кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“

4 октомври

  • „Менопауза“, монодрама со Тијана Дапчевиќ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“

5 октомври

  • „Бегство од музеј“ – интерактивна работилница – Участак

6 октомври

  • „Детективи на минатото“ – интерактивна работилница – Участак

7 октомври

  • „Јавното здравје кај младите“ – Библиотека „Борка Талески“
  • Поетска вечер „Во пресрет на 11 Октомври“ – Библиотека „Борка Талески“
  • Претстава „Животинска фарма“ – премиера – НУЦК „Марко Цепенков“
  • „Херојот е мојот дедо“ – драмска претстава за Душко Наумоски – Участак

8 октомври

  • Изложба на ДЛУ Битола – Галерија, НУЦК „Марко Цепенков“
  • Театарска претстава „Животинска фарма“ – реприза – НУЦК „Марко Цепенков“
  • „Студент е, прилепско дете“ – драмска претстава за Борко Лазески – Участак

8–10 октомври

  • Фестивал на медот – плоштад „Методија Андонов-Ченто“

9 октомври

  • 12:00 – Училишен перформанс „Формирање на македонското знаме“ – плоштад „Методија Андонов-Ченто“
  • 17:30 – Промоција на книгата „Спомени на прилепските револуционери“ – д-р Славчо Ковилоски – Библиотека „Борка Талески“
  • 18:30 – Проекција на филмот „До Балчак“ – кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“
  • 19:00 – Промоција на каталог посветен на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ – Участак
  • 21:00 – Слем полуфинале – кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“

10 октомври

  • 10:00 – Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп Град Херој 2026“ – спортска сала, СОУ „Ристе Ристески-Ричко“
  • 18:30 – Изложба на дела од ДЛУП – Ликовна галерија, НУЦК „Марко Цепенков“
  • 19:00 – Посета на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“
  • 19:30 – Свечена програма на Камена бина:
    • Химна на Република Македонија во изведба на КУД „Пере Тошев“
    • Промоција на краток филм за нападот на 11 Октомври 1941
    • Поздравен говор на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски
    • Импровизиран напад на Участакот
    • Огномет
  • Концерт во центарот на градот

11 октомври

  • 09:00 – Полагање цвеќе на спомениците на хероите
  • 09:00–14:00 – Традиционална крводарителска акција по повод државниот празник 11 Октомври – простории на Црвениот крст
  • 10:00 – Меморијален турнир во шах „МАТ 2026“ – спортска сала, СОУ „Орде Чопела“
  • 10:00–19:00 – Tuning Car Show – автомобилско шоу – булевар „Гоце Делчев“

12 октомври

  • 11:00 – Техничко-тактички збор на АРМ – изложба на воена опрема и оружје и показни боречки вештини на специјалните единици – булевар „Гоце Делчев“

15 октомври

  • Театарска претстава „Вечера за глупаци“ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“

16 октомври

  • Стенд-ап со Александар Михајловски – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“

17 октомври

  • Фолклорна вечер со КУД „Моминок“ и гости од Босна и Србија – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“

18 октомври

  • „Че трчаме 2026“ – рекреативно-натпреварувачки атлетски настан – булевар „Гоце Делчев“
  • „Тура преку Слива 2026“ – велосипедски настан на отворено – с. Штавица

19–25 октомври

  • MOCPA 2026 & Training Camp – Меморијален ориентациски натпревар „Пеце Атанасоски 2026“ – Прилеп

20 октомври

  • Стенд-ап со „Солзи и смеа“ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“

21 октомври

  • Тркалезна маса „Македонија на Македонците – македонска ослободителна мисла (1893–1991)“ – Собраниска сала, Општина Прилеп

22 октомври

  • Годишен концерт на ОКТЕТ – Прилеп – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
  • Изложба на Илија Ацески – Галерија, НУЦК „Марко Цепенков“

24 октомври

  • Prilep Downhill Cup – с. Штавица

3 ноември

  • Изложба на дела од ликовната колонија „Дрен“
  • Тематска изложба на архивски материјали, фотографии и документи кои го сведочат развојот на Прилеп
  • Свечена седница и доделување на Третоноемвриски награди


Сподели на социјалните мрежи