ЕДНА МЛАДОСТ, Менче Кадинец

Сподели на социјалните мрежи

ЕДНА МЛАДОСТ

Се уште липа под липите
Вкрстени раце
Погледи нежни!
Дали љубовта е болка,
радост,несреќа,
интерес,среќа!
Се уште го сакам твојот поглед
Никој после тоа
ја немаше твојата искреност,
снаодливост
Искачен на врвот од животот
можам да те споредам со самиот
себе си.
Книгата во нашите раце
и сендвичот во нашите раце
патувавме низ улици!
Колку среќа нежност
беше тоа…
Се уште тагувам,
во болка од љубов ,
човек станува суров,
безмилосен,дали така
требаше да биде!
Ех,време,животе
изоден пат
не се враќаш назад.

Менче Кадинец


Сподели на социјалните мрежи