УКЛО ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПА ПРЕКУ ВИРТУЕЛНО ПАТУВАЊЕ

Сподели на социјалните мрежи

Македонската култура, традиција, јазик и природни убавини ќе бидат претставени пред европската академска заедница преку иницијативата COLOURS Virtual Journey Weeksс, во која учествува Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
На 9 ноември 2026 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, како дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, ја претставува Македонија под мотото „United in Diversity“ (Обединети во различноста).
Иницијативата ги поврзува универзитетите од Алијансата преку виртуелно запознавање со нивните земји, култури, традиции, јазици и академски искуства. Секоја од земјите учеснички има посебен ден, исполнет со активности во реално време, кои овозможуваат размена на знаења и искуства меѓу универзитетите.
За претставувањето на Македонија, УКЛО подготви шест тематски сесии посветени на македонската култура и традиција, Галичката свадба, природните убавини на земјата, глаголицата, приказната за „Силјан штркот“, како и можностите и предизвиците на употребата на македонскиот јазик во контекст на вештачката интелигенција.
Програмата ќе се одвива од 11:00 до 14:30 часот и е отворена за студентите, академската заедница и сите заинтересирани да се приклучат и да ја запознаат Македонија преку ова виртуелно патување.
Приклучување на настанот:
https://meet.google.com/oxg-jkpn-kji
ЦОЛОУРС Виртуал Јоурнеy Wеекс се одржуваат од 4 до 25 ноември 2026 година, со учество на деветте европски универзитети обединети во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.
За иницијативата се подготвени и промотивни видеа:
• https://www.youtube.com/shorts/WvhZkKNB4nA
• https://www.youtube.com/shorts/_IlfJoqnXs4
Повеќе информации за иницијативата и програмата се достапни на официјалната веб-страница:
https://colours-alliance.eu/study-learn/virtual-journey-weeks/


Сподели на социјалните мрежи