На последната прес конференцијата директорот на Народниот театар Битола Васко Мавровски меѓу другото се осврна на некои значајни години и настани од постоењето на театарот меѓу кои пронајдувањето на оригиналната завеса на театарот.
-После 100 години ја пронајдовме оригиналната завеса од Народниот театар Битола, која сега е поставена на оваа сцена. Оваа завеса во 1926 е донирана од српската кралица за театарот, кој во тоа време се вика Битолски градски театар. Пронајдовме фотографии, и станува збор за истата црвена завеса. И првата претстава “Ѓоре Михајловски“ се одиграла пред оваа завеса, која е зад нас. Значењето на оваа завеса за нас, како Театар и за Битола, е огромно, бидејќи кога Бугарскиот фашистички оператор го напушта градот, а луѓето од нивниот Окружен театар кој работел во зградата на НТБ го палат театарот. Еден од сценските работници во тоа време, дедо на наш пензиониран сценски работник, влегува во запалениот театар и успева само да ја спаси оваа завеса зад нас. Се гледаат оргаменти делот на партизаните, делот на круната, везот е изваден, а се останати само два ловорови венци кои преставуваа награда за глумците, рече директорот Васко Мавровски.















