ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТАИ ЧИ И ЧИ ГОНГ

Сподели на социјалните мрежи

Во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп беше одбележан 21 март Светскиот ден на Таи Чи и Чи Гонг (World Tai Chi and Qigong Day), преку настанот „Спокојни почетоци“, кој се одржа во рамки на Школата за трудници.
Настанот беше организиран од УНФПА, во соработка со Амбасада на Народна Република Кина во Скопје и Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари, со поддршка од болницата.
Активноста беше насочена кон унапредување на здравјето и благосостојбата на бремените жени, при што акцентот беше ставен на Таи Чи како безбедна и ефикасна практика за време на бременоста.
Идните мајки, заедно со своите партнери, имаа можност да се запознаат со придобивките од оваа древна техника, која ги обединува нежните движења, правилното дишење и менталната релаксација, придонесувајќи за подобро физичко и психичко здравје.
Со вакви настани, се поттикнува свесноста за важноста од грижата за здравјето на жените во текот на бременоста, како и примена на алтернативни и комплементарни практики за подобрување на квалитетот на живот.
На овој настан присуствуваше и амбасадорката на Кина во Макеодонија, и имаше средба со раководството на болницата.

-„Денес има повеќе од 400 милиони луѓе во светот кои практицираат Таа Чи, а повеќе од половината од нив се жени, бидејќи е доста добро и за бремени жени, а помога и со олеснување на депресија и анксиозност на целото човештво. Таи Чи коммбинира медитација и баланс на умот, поради што би ги охрабрила сите да започнат со вежбање – рече при денешната посета на прилепската болница Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Кина во Македонија.

-„Со оваа техника ќе се подобри благосостојбата на идните мајки, ќе се подобри мајчиното здравје, ќе се намали анксиозноста на идните родители“ – рече д-р Кире Јоноски директор на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп.

-„Нашата школа, функционира веќе една година, ја посетуваат мајките во последниот месец од нивната бременост. Одржуваме теоретска настава, вежби, интерактивна соработка со трудниците. Школата е бесплатна. Во моментов имаме група од 10 трудници кои ќе продолжат со практикување на Таи Чи“ – рече д-р Билјана Кржеска раководител на  Одделението за гинекологија и акушерство во прилепската болница.


Сподели на социјалните мрежи