УСПЕШЕН НАСТАП НА МЛАДИТЕ МУЗИЧАРИ ОД ПРИЛЕП НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ВО СКОПЈЕ

Сподели на социјалните мрежи

Учениците од Општинското основно музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп остварија значаен успех на Државниот натпревар на млади музичари, кој изминатите денови се одржа во Скопје.
На натпреварот учество зедоа околу 50 ученици од училиштето, кои се претставија во повеќе категории: пијано, виолина, кларинет, хармоника, соло пеење, гитара, теорија на музика и народни инструменти. Тие настапија под менторство на професорите Христина Никоска Тасеска, Илија Иваноски, Александра Ивановска Анѓелова, Леонарда Богданоска Гиноска, Илија Чакароски, Киро Гаралоски, Мартин Ристески, Игор Кимоски, Марија Јанчулеска, Весна Станкоска, Владимир Богески и Мендо Ташкоски.
Со својот труд, посветеност и музичка изведба, младите таленти постигнаа извонредни резултати, освојувајќи вкупно 8 специјални награди со максимални 100 бодови, 20 први награди и 17 втори награди.
Овој успех претставува уште една потврда за квалитетната работа на училиштето и континуираниот развој на младите музички таленти од Прилеп, кои достојно го претставуваат својот град на државно ниво.

Фотографиите се од албумот на Општинското основно музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“.


Сподели на социјалните мрежи