МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ СО „ДИВА“: „MTV hits – vol. 2“ ЌЕ ОДЕКНАТ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, најавува нов музички настан што ќе ја раздвижи прилепската публика. На 21 мај, со почеток во 20:00 часот, во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на Битолскиот оркестар „ДИВА“, кој носи програма со најпознатите поп и рок хитови под наслов „MTV hits – vol. 2“.
Публиката ќе има можност да ужива во изведби на безвременски музички нумери, интерпретирани од солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски. Концертот ветува вечер исполнета со енергија, емоции и препознатливи мелодии кои ја одбележаа музичката сцена.
Организаторите најавуваат уште едно незаборавно музичко доживување, кое ќе ги врати посетителите во најдобрите музички времиња и ќе понуди вистинска сценска магија.
Влезниците се по цена од 500 денари и ќе бидат достапни од 4 мај на билетарницата во Центарот за култура „Марко Цепенков“, секој работен ден од 11:00 до 14:00 часот.


Сподели на социјалните мрежи