УТРЕ ВО ПРИЛЕП ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „ЗАМОКОТ НА АРДЕЉАН“ ОД ДРАГИЦА РИСТИЌ СТОЈЧЕСКА

Сподели на социјалните мрежи

Во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, утре (26.5.2026) со почеток во 18 часот ќе се одржи промоција на првиот роман на Драгица Ристиќ Стојческа „Замокот на Ардељан“.

Станува збор за готски роман со елементи на филозофска фикција, приказна исполнета со мистерија, љубов, предавство и проклетство. „Замокот на Ардељан“ носи готска атмосфера и филозофски тонови, отворајќи прашања за човечката природа, судбината и внатрешните борби.

На промоцијата како водител ќе настапи Игор Трпчески, додека за делото ќе говорат промоторите Јан Вега и Христина Ангеѓеска-Мијоска.

Авторката Драгица Ристиќ Стојческа живее во Крушево, а родена е во Ријека, Хрватска. Таа е посветена на жанрот филозофска дистопија, а „Замокот на Ардељан“ е нејзин прв роман.


Сподели на социјалните мрежи