Здружението „Клуб на литературни творци“ – Прилеп потсетува дека сѐ уште е во тек конкурсот за учество на меѓународната поетска манифестација „Поетско Маркукуле“ – 2026.
Право на учество имаат сите автори со навршени 15 години, а секој учесник може да испрати една поетска творба на слободна тема, не подолга од 28 стихови.
Доколку творбата е напишана на друг јазик, задолжително треба да содржи и препев на македонски јазик.
Сите пристигнати песни ќе бидат објавени во заеднички Алманах, кој ќе биде доделен на самата манифестација.
Конкурсот трае до 31 мај 2026 година, а творбите треба да се испратат на електронската адреса:
literaturenklub@yahoo.com
Манифестацијата „Поетско Маркукуле“ ќе се одржи на 15 август 2026 година.
Во продолжение интегрално го објавуваме конкурсот:
„ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ“ – 2026
Меѓународна поетска манифестација
Здружението „Клуб на литературни творци“ – Прилеп објавува Конкурс „ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ – 2026“ за поетска творба на слободна тема.
Право на учество имаат сите автори со навршени 15 години. Во пријавата задолжително треба да бидат наведени возраста, градот и државата на авторот.
Секој учесник може да испрати една песна, не подолга од 28 стихови, напишана во Times New Roman, големина на фонд 12, со кирилична поддршка и јазично лекторирана.
Доколку творбата е на друг јазик, задолжително треба да содржи препев на македонски јазик, со јасна напомена кој го извршил препевот, при што и препевот мора да биде лекториран.
Сите пристигнати песни ќе бидат објавени во заеднички Алманах, кој ќе биде доделен на самата манифестација.
Конкурсот започнува на 15.05.2026 година и ќе трае до 31.05.2026 година.
Песните пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени во предвид.
Творбите се испраќаат на е-мејл адреса:
literaturenklub@yahoo.com
Манифестацијата ќе се одржи на 15.08.2026 година (сабота), за место на одржување ќе бидете дополнително известени.
Го очекуваме Вашето присуство и активно учество.
Клуб на литературни творци – Прилеп
















