СРЕДА НОСИ БОГАТА ФЕСТИВАЛСКА ПРОГРАМА НА „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Сподели на социјалните мрежи

Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ продолжува и во среда, 10 јуни, со разновидна програма која обединува содржини за најмладите, стручна дебата за современиот македонски театар и две театарски изведби од реномирани институции од Скопје. Публиката ќе има можност да проследи настани во текот на целиот ден на неколку фестивалски локации во Прилеп.

Програма за 10 јуни (среда):


10:00 Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ – Прилеп)
17:00 Клуб „Дипломатик“
Научна трибина: „Современ ли е современиот македонски театар? Меѓу локалната инерција и глобалните сценски текови“
19:00 Центар за култура „Марко Цепенков“
СТРАВ И НАДЕЖ
НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР – СКОПЈЕ
Времетраење: 140 минути
21:00 Центар за култура „Марко Цепенков“ (105)
ДРАГА ЈЕЛЕНА СЕРГЕЕВНА
ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ – СКОПЈЕ
Времетраење: 60 минути


Организаторите ги покануваат љубителите на театарот да бидат дел од фестивалските случувања и да уживаат во уште еден ден исполнет со уметност, размислување и сценска магија во рамките на најзначајниот македонски театарски фестивал.


Сподели на социјалните мрежи