ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА АКАДЕМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП И D.A. TSENOV ACADEMY OF ECONOMICS ОД БУГАРИЈА

Сподели на социјалните мрежи

Во периодот од 8 до 12 јуни, Економскиот факултет – Прилеп е домаќин на професорите Aleksandar Ganchev, Tsvetelina Kabakchieva и Nadezhda Georgieva од D.A. Tsenov Academy of Economics од Свиштов, Република Бугарија, кои реализираат студиски престој за обука во рамките на меѓународната академска соработка.
За време на нивниот престој се одржаа работни средби посветени на унапредувањето на меѓуинституционалните односи и создавањето нови можности за научна и образовна размена. Во фокусот на разговорите се заедничките научноистражувачки активности, подготовката на проектни апликации, организацијата на конференции и семинари, како и други форми на соработка од заемен интерес.
Ваквите академски размени имаат особено значење во современиот образовен и научен простор, бидејќи придонесуваат за споделување знаења, искуства и добри практики меѓу високообразовните институции од различни земји. Тие истовремено претставуваат поттик за развој на нови истражувачки иницијативи и зајакнување на меѓународната димензија на високото образование.
Посетата на бугарските професори претставува уште еден чекор кон продлабочување на академските врски меѓу двете институции и создавање основа за идни заеднички проекти во областа на науката, образованието и меѓународната соработка.


Сподели на социјалните мрежи