СЕДМИОТ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН НОСИ ДЕТСКА ПРОГРАМА, ТРИБИНИ И ДВЕ ТЕАТАРСКИ ПРЕТСТАВИ

Сподели на социјалните мрежи

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ продолжува со својата богата програма и во седмиот фестивалски ден. Во четврток, 11 јуни, публиката ќе може да проследи активности за најмладите, разговори и панел-дискусии посветени на театарската уметност, како и две вечерни театарски изведби.


Програма за 11 јуни (четврток):
10:00 часот – Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ – Прилеп)
12:00 часот – НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса
17:00 часот – Кафе-книжарница „Долапче“
Панел-дискусија: „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“
19:00 часот – Центар за култура „Марко Цепенков“
„Едмонд

НУ Народен театар – Битола
Времетраење: 65 минути
По изведбата ќе следуваат разговори на тркалезна маса посветени на претставата „Едмонд“.
21:00 часот – Центар за култура „Марко Цепенков“ (Сцена 105)
„Сина сенка“

Театар „Златен Елец“ – Скопје
Времетраење: 120 минути
Организаторите ги покануваат љубителите на театарската уметност да ги проследат содржините од програмата и да бидат дел од фестивалската атмосфера што деновиве го исполнува Прилеп во рамките на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.


Сподели на социјалните мрежи