КОНЦЕРТ НА МАРИЈА НИКОЛОВА ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Прв солистички концерт на младата пијанистка Марија Николова ќе се одржи на 1 јули 2026 година (среда), со почеток во 19:00 часот.
Концертот ќе се реализира во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, каде публиката ќе има можност да ужива во внимателно одбрана програма, изведена од една од најперспективните млади пијанистки.
Марија Николова е ученичка во класата на проф. Илија Иваноски во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“.
Како гости на пијано ќе настапат Јаков Колевски и Теона Ванеска, кои со своето учество ќе го збогатат концертниот програм и ќе придонесат за вечер исполнета со уметност и музичка енергија.
Настанот е отворен за публиката.


Сподели на социјалните мрежи