ПРЕСУДА, Jасмина Колеска Кузманоска

Сподели на социјалните мрежи

Гледаш како се борам
борба водам ,
секојдневна сиромаштија,
пуста да е.
Макотрпна работа од утро до мрак:
сонце на нива ме огрева,
зајдисонце за дома ме испраќа.
Ти каде си?
До мене не си.
Незадоволството твое мера си нема.
тоа е твојата тема.
Сè везден седиш
раат си тераш,
зборови тешки ми редиш.
„Не работиш!“ — велиш.
Слушам завидливи зборови
од устите клети,
што зборуваат по туѓите дворови.
Клевети на грб ми редат,
неспособноста нивна
им е уживанција слатка.
Ех, пратена клевета
на мојата мака.
Зар очите твои не гледаат
што рацете мои по цел ден спремаат?
Ти не гледаш
при очи – очи немаш,
а зборови тешки низ устата ти врват.
Јадни, бедни, црни,
за мене се тешки.
Оставив сè под нозе да газам,
а ти
во куќи сакаш мир
и насмевка од лицето мое
да се брои.

Јасмина Колеска Кузманоска


Сподели на социјалните мрежи